Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Роберт Вилсон почесен доктор на науки на Универзитетот ЕФТА-Скопје

$
0
0
Вовед: 

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје му додели титула почесен доктор на науки (Doctor Honoris Causa) на славниот американски театарски режисер Роберт Вилсон...

Содржина: 

- Првпат сум во Македонија и во Македонскиот народен театар, прекрасно е да се биде тука, изјави Вилсон пред церемонијата на прогласување за почесен доктор на науки.

Тој имаше и средба со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, со раководството на МНТ и со ректорот на ЕФТА Јордан Плевнеш.

Канческа-Милевска изјави дека разговарале за идната соработка на МНТ со Вилсон и го запознала, како што рече, со вложувањата на Владата во областа за културата и за остварувањата на Македонскиот народен театар.

- Посебно ми е драго што ја добива титулата доктор на науки од ЕФТА со што неговото име ќе остане врежано во нашата држава како еден искрен и долгогодишен пријател и се надевам дека во иднина ќе оствариме одлична соработка, изјави Канческа-Милевска.

Директорот на МНТ Дејан Пројковски рече дека МНТ е театар на сонувачи кои веруваат во чуда и дека едно од чудата се случува вечерва.

- Имавме кратка средба на која ги споделивме нашите емоции и воодушевувања од работата на овој голем театарски гигант и, се разбира, со уметничкиот директор на МНТ ја остваривме шансата да му дадеме отворена покана на господинот Боб Вилсон дека Македонскиот народен театар широко ги отвора вратите за него и за неговата естетика, истакна Пројковски.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>