Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Изложба на вајарката Софија Грабулоска во Берлин

$
0
0
Вовед: 

Вајарка Софија Грабулоска со изложбата „Што се случи со експресивното сликање“ ќе се претстави пред берлинската публика во наредниве 10 дена во „Прима Центарот“ во главниот град на Германија... 

Содржина: 

Грабулоска во Берлин се претставува со изложба која има за цел да експериментира и да го објасни на процесот на добивање на тродимензионален објект од дводимензионален цртеж.

Прикажаните цртежите со кои се експериментира се со нагласена контрасност, црно-бело, и експресионистички, а тродимензионалните објекти кои се дел од изложбата се добиваат со помош на новата, иновативна 3Д технологија.

Основна алатка за експериментите на македонската уметница е 3Д печатачот Cubify, со чија помош се добиваат 3Д објектите. Целта е да се покаже дека 3Д печатачот, ќе стане новата алатка во уметноста а новите термопластичниматеријали ќе внесат нова текстура, волумен, тежина на уметничките дела. Според Грабулоска ќе се смени и оригиналноста на уметничките дела. Според неа, со употреба на 3Д печатачите во уметноста се надминуваат досегашните вајарски правила, а сепак се останува во светот на скулптурата.

Софија Грабулоска е родена во Прилеп, Македонија во 1981 година. Завршила Факултет за ликовни уметности отсек вајарство со конзервација и реставрација во класата на Проф. Жарко Башески на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, 2006. Магистрирала на отсекот вајарство, на истиот факултет на тема “ Употреба на 3д принтери во вајарство”. Учествувала на повеќе изложби во Македонија и во странство.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>