Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Промоција на стихозбирката „Човечки тишини“ од Борче Панов

$
0
0
Вовед: 

Поетот Борче Панов, кој живее и создава во Радовиш, пред љубителите на литературата во Скопје ќе се претстави на 5 октомври (среда) во 12 часот со своето најново дело, стихозбирката „Човечки тишини“...

Содржина: 

На промоцијата во Друштвото на писателите на Македонија за „Човечки тишини“, објавена во издание на „Силсонс“ од Скопје, ќе зборува поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски, а стиховите ќе ги кажува Александра Велинова. Со книжвниот настан во ДПМ Борче Панов одбележува и 25 години од својата дебитантска нига „Што виде Чарли од наопаку".

Во изминатите две и пол децении Панов ги објави и стихозбирките: „Циклонско око", „Стоп Чарли", „Такт“, „Гатанка од стакло“, „Базилика на ракописот“, „Заумна вечер“, „Вдах“ и „Човечки тишини“.

Избрани песни од Борче Панов се застапени во неколку анталогии и панорами на современата македонска поезија. Дел од неговата поезија е преведуван на англиски, германски, украински, бугарски, каталонски, словенечки, српски, француски, шпански, дански, шведски, албански и монголски јазик. Добитник е на повеќе книжевни признанија.

Борче Панов член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1998 година. Сега е член на Претседателството и на Собранискиот одбор на ДПМ, како и претседател на Меѓународната книжевна манифестација „Караманови средби“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>