Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Ноќно искачување врвот Љуботен

$
0
0
Вовед: 

Деветмина планинари во организација на членови на планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово, изведе ноќно искачување врвот Љуботен со 2.498 метри надморска височина...

Содржина: 

Иако овој врв не е највисокиот на Шар Планина, тој е еден од најмаркантните и по патеката за искачување и по погледот што се пружа од него во круг од 360 степени.

Самото искачување беше поделено во две фази првата од Старо село до планинарскиот дом Љуботен што траеше околу два и пол часа и по неколкучасовен одмор во домот групата од девет планинари околу еден часот по полноќ се упати кон врвот.

Опремени покрај со стандардната планинарска опрема и со челни и рачни ламби, тие без поголеми проблеми по нешто над три часа пристигнаа на Љуботен по добро маркираната патека и за летни и за зимски услови. Планинарите тука го дочекаа и неделното изгрејсонце.

- Се качивме на висина од скоро 2.500 метри односно 2.498. Чекавме да изгрее сонцето и го дочекавме, изјави водичот на групата Владимир Трпковски од ПК „Јелак“.

Тетовскиот планинар Томислав Мишковски, вели дека бил повеќепати и на Љуботен, но ова му беше првпат навечер и претставува голема авантура за него и покрај студеното време.

- Но вреди за ова изгрејсонце, посочи Мишковски. За дел од учесниците ова беше двојно задоволство бидејќи за првпат се искачија на Љуботен и тоа во ноќните часови. - Првпат сум на Љуботен, првпат на ноќно планинарење, видов и две ѕвезди паѓалки и многу добра група, се е супер овде, рече Жули Шамберлен од ПК „Јелак“.

Игор Ристовски од Тетово исто така беше првпат на Љуботен.

- Одлично место за фотографирање на утринското изгрејсонце. Интересна тура во ноќно време. Патувавме околу шест часа од Старо село до домот и од домот нагоре. Фасцинантен поглед кон полошката котлина, кон Скопје и со Косово отпозади. Секаде на врвот 360 степени е префектен поглед, изјави Игор Ристовски од Тетово.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>