Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Концерт на Женскиот младински хор при МКЦ

$
0
0
Вовед: 

Женскиот младински хор при МКЦ под диригенство на Сашо Татарчевски вечерва, 3 октомври, ќе одржи концерт со наслов „Бог, Инспирација, Музика” на кој ќе бидат изведени композиции од духовниот хорски опус на повеќе домаќини и странски автори...

Содржина: 

Од своето формирање во 1972 па се до денес, Женскиот младински хор е една од најпрепознатливите карактеристики на Младинскиот културен центар од Скопје. Изведувајќи огромен и разновиден репертоар, со посебно внимание кон македонското хорско творештво, овој ансамбл покажа дека пеачи аматери можат да постигнат високо професионални резултати.

Во изминатите 44 години хорот освоил многу награди и признанија на домашни и меѓународни натпревари и фестивали промовирајќи се во вистински културен амбасадор на Република Македонија.

Најскорешните успеси се освојувањето златна диплома и две специјални награди на натпреварот „Liviu Borlan” во Баја Маре, Романија (2015) и освојувањето на две први места и три специјални награди на фестивалот и натпревар за хорска духовна музика “Vratislava sacra” во Вроцлав, Полска (2016).

Концертот ќе се одржи во храмот на МПЦ „Рожденство на пресвета Богородица” од 20:00 часот.

Влезот е слободен.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>