Вториот меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“ оваа година ќе се одржи на тема „Правото меѓу политиката и етиката“...
Филозофското друштво на Македонија, Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ и Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите го организираат Вториот меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“ кој оваа година ќе се одржи на тема „Правото меѓу политиката и етиката“.
На Симпозиумот учество ќе земат повеќе реномирани излагачи од Полска, Србија, Бугарија и Македонија, а официјани јазици на настанот ќе бидат македонски и англиски.
Симпозиумот ќе се одржи во три града: Скопје (5 октомври, МАНУ, 11:00 часот); Битола (6, октомври Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, 11:00 часот) и Охрид (7 октомври, Куќа на Уранија, 11:00 часот).

