Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Расказот „Базен“ на Османли преведен на ладино

$
0
0
Вовед: 

Расказот е објавен и во октомврискиот број на електронскиот блог „Sefaradimuestro“, авторски уредуван блог на Шапоре Бланко, истакната преведувачка од повеќе европски јазици на ладино која живее и работи во Истанбул...

Содржина: 

Расказот „Базен“ на Томислав Османли во превод на ладино е објавен електронски во најновиот број на неделното електронско списание „eSefarad” – популарен интернационален електронски медиум за афирмација на сефардската култура со уредништво во Аргентина.

Расказот е објавен и во октомврискиот број на електронскиот блог „Sefaradimuestro“, авторски уредуван блог на Шапоре Бланко, истакната преведувачка од повеќе европски јазици на ладино која живее и работи во Истанбул. Бланко досега превела неколку раскази и новели од нашиот автор на овој особен јазик.

Ладино или јудео-шпански е јазикот на сефардските Евреи, население кое по прогонот од Шпанија и Португалија кон крајот на 15 век и сѐ до холокаустот во Втората светска војна, населувало поголем број градови на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, како и повеќе градови на Блискиот Исток.

Расказот „Базен“ кој деновиве е објавен во двата електронски медиума, е психолошка повест раскажана од аспект на злосторникот во ликот на Константин третти, еден од предводниците на депортацијата на македонските Евреи во 1943 година, при што клучно и книжевно особено место на дејството е тогаш изградениот базен на бањата Кежовица во Штип.

„Базен“ е расказ од прозната збирка „Светилка за Ханука“ на Османли. Пред пет години, во превод на англиски расказот беше објавен во списанието „Лос Муестрос“ во Брисел.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>