Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Проекција на филмови од официјалната програма и кратки филмови на Киненова

$
0
0
Вовед: 

Во рамки на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, вечерва, 8 октомври, проекции на филмови ќе има во Кино Култура и Кинотеката на Македонија...

Содржина: 

Во Кино Култура во рамки на главната програма од 18 часот ќе бидат прикажани филмовите американскиот „Фаќање“ во режија на Мика Маги, иранскиот „Бафало“ во режија Кавех Сајад Хосеини и рускиот „Батаљон“ во режија на Дмитри Мешкиев.

Во 14 часот во Кинотеката на Македонија започнува прикажувањето на фимови од официјалната селекција на кратки филмови.

Меѓународен филмски фестивал Киненова, кој првпат се одржува оваа година во Скопје, завршува утре, 9 октомври.

Фестивалот има за цел да создаде еден нов простор каде пред публиката и стручната јавност ќе се претставуваат и афирмираат што повеќе нови филмски создавачи од Македонија и светот, така што ќе ги претстават или развиваат своите дебитантски дела и проекти преку филмски проекции, работилници и состаноци. Со тоа ќе се оствари и идејата да фестивалот да анимира што повеќе млада публика на која ќе и се доближи авторскиот филм и која ќе се инфицира со филмската уметност.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Latest Images

Trending Articles

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>