Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Изложба „Ретроспектива“ во Музеј на град Скопје

$
0
0
Вовед: 

Во Музејот на град Скопје, во среда, 12 октомври, со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба со наслов „Ретроспектива“ на Мена Спировска Менче...

Содржина: 

Мена Спировска – Менче (Прилеп, 1928 - Скопје, 2011) дипломирала на Академијата за применета уметност во Загреб, Р. Хрватска на сликарско – графичкиот отсек во 1955 год. Особеност на нејзината присутноста на ликовната сцена во Македоније е релативната краткотрајност и малиот број на создадени дела кои, од друга страна, се исклучително интересни во неколку насоки на согледување.

Во втората половина на 50-те и во почетокот на 60-те години од 20-ти век таа е веројатно нашиот најистакнат графичар која со оваа техника ги актуелизира формите на модерната уметност. Во нејзините најособени дела Спировска настојува да преплете неколку работи: да навлезе во особеноста на линеарната структура особена за дрворезот; да го создаде сопствениот преплет на арабески и со него да формира некаква основна структура на површината и во сето тоа да ја вметне таинственоста на женскиот елемент.

Спировска е дел од бранот на модерната уметност што како функција на еманципаторските тенденции на модерноста требала целосно да го промени нашето општество. Со дејноста на тие генерации создадени се предусловите за вредносните модели и насоки со кои понатака сме се развивале. Спировска оваа тенденција ја дополнила се недоволно присутниот женски елемент.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Latest Images

Trending Articles

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>