На изложбата се претставени 22 портрети работени во различна техника во периодот од 1940 до 1996 година, односно до смртта на авторот...
Изложбата ќе може да се види до 28 октомври, а за отворена ја прогласија директорот на КИЦ на Република Македонија во Софија, Васко Шутаров и директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Штип, Зоран Читкушев.
Организатори на изложбата се КИЦ на Република Македонија во Софија и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Штип.
Борислав Траиковски е роден во Битола и тој е еден од доајените на македонското ликовно творештво. Има организирано повеќе самостојни изложби во државата, но и во Париз, Лондон, Белград, Загреб, Брадфорд.
Во негова чест, Друштвото на ликовни уметници на Битола ја доделува годишната награда „Борислав Траиковски“ за најдобро дело на годишна изложба.


