Во денеска (17 октомври), во Центарот за дизајн и иновации – Јавна соба, со почеток од 19 часот, ќе се оддржи настан посветен на Боб Дилан...
На ова вечерно дружење професорот Ферид Мухиќ ќе има учено обраќање посветено на лауреатот Боб Дилан, додека за разните аспекти на Дилановиот живот и творештво ќе говорат и професорката Елизабета Шелева, Ѕвездан Георгиевски, Дарко Лешоски и Сашо Гигов-Гиш.
Во програмата е предвидено и читање на извадоци од „Хрониките“, односно автобиографијата на авторот, визионерски објавена од Издавачкиот центар ТРИ уште во 2010, проследено со дискусија. Веднаш потоа публиката ќе има можност да слушне и изведби во живо на некои од Дилановите клучни песни и да погледне инсерти од неколку документарни филмови посветени на него.

