Клубот Станица 26 својата четврта сезона како С26 официјално ќе ја започне в среда на 19 октомври...
Ќе настапат диџеите Александар Мискоски и Андреј Мицајков. Овие двајца артисти се познати по своите еклектични миксови од диско и хаус.
Оваа сезона клубот Станица 26 во соработката со БАЛАНС ќе се претстави со многу интересни, пред се, андерграунд музички содржини. Музичките правци ќе бидат многу разнолики од Jazz, преку Funk, Soul, R n'B, Hip Hop, Disco, House, па се до Techno.
Четвртокот, 20 октомври клубот Станица 26 ќе започне со тематска забава насловена како "СКОПСКА СИТУАЦИЈА". Првиот четврток на „Скопска ситуација“ ќе настапи добро познатиот дј Чваре, а гостин на вечерта ќе биде Dj IRon oд Белград, артист кој настапува со повеќе жанрови на винил формат.
Петок 21 Октомври ќе настапат Никола Ризов и Горан Кан. Никола Ризов е артист со фантасична винилна колекција, која постојано се надополнува од самите почетоци на електронската сцена во Македонија до денес. Горан Кан е артист докажан пред македонската сцена и пошироко има настапувано во познатиот берлински клуб „Трезор“ а неговата продукција е почитувана од многу светски артисти. Вистинско андерграунд доживување.
Станица 26 првата неделна програма ќе ја заврши на 22 октомври, сабота. Оваа вечер ќе биде резервирана за хаус музика, а ќе настапт диџеите Вишко и Маци.

