Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Драмски со одличен настап пред белградската публика ја заврши турнејата

$
0
0
Вовед: 

Вчеравечер (понеделник, 17 октомври) Драмскиот театар од Скопје се претстави пред белградската публика со претставата “Генетика на кучињата” во режија на Дејан Пројковски, по текст на Венко Андоновски. 

Содржина: 

На сцената на Београдско драмско позориштемакедонските актери по трет пат во само пет дена го потврдија своето високо ниво и стандарден квалитет, кој само се потврди уште еднаш на сцената.

Тие повторно докажаа дека се вистински амбасадори на македонската култура. Три минутниот аплауз на публиката во Белград е потврда за одличната изведба, која ја воодушеви публиката публиката која што дојде да ја проследи претставата.

Во салата присуствуваа амбасадорката на Република Македонија во Србија Вера Јовановска Типко, како и бројни Македонци кои се дел од културниот и општествениот живот на Србија.

По настапите во Сараево и во Загреб, Белград, беше последната дестинација, по која нашите актери се враќаат дома полни со одлични впечатоци од ова гостување.

Како шлаг на тортата беше одликувањето кое Драмскиот театар го доби од Претстедателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, за кое актерите дознаа на неколку часа пред настапот во Белград.

Во претcтавата играа Драган Спасов - Дац, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Рубенс Муратовски, Биљана Беличанец, Дејан Лилиќ, Филип Трајковиќ, Крсте Јовановски, Драгана Левенска, Зоран Љутков, Гордана Ендровска, Жарко Димоски, Димитрија Доксевски и Александар Степанулески.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
Galerija: 
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>