Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Промоција на книгата „Комедии“ од Венко Андоновски

$
0
0
Вовед: 

Вечерва, 19 октомври, со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата "Комедии"од Венко Андоновски, збирка на комедиите на еден од најпопуларните писатели на македонската литературна сцена...

Содржина: 

Овие верзии се сценските изведби на текстовите "За секого има по една"во режија на Владлен Александров и "Господарот на кукавицата"во режија на Андреј Цветановски, и двете праизведби на репертоарот на Театар Комедија.

Оваа книга е прва во едицијата "Комедии"кои Театар Комедија ќе ги издава и со тоа ќе ја почне својата издавачка дејност. Досега театарот има поставено шест праизведби на својот репертоар како дел од политиката за зајакнување на националната драматургија, со цел создавање фонд на македонски современи комедии и формирање на своја едиција за издавање на македонските комедии поставени во Театар Комедија.

На промоцијата на книгата ќе се обрати директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ, Лилјана Мазова како приредувач и промотор на книгата, и самиот автор - Венко Андоновски.

По промоцијата публиката ќе има можност да ја купи книгата по промотивна цена и да добие оригинална посвета од самиот автор лично, а од 20 часот ќе може да се присуствува на претставата "Господарот на Кукавицата"која ја имаше својата премиера на 14-ти декември 2015 година.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>