Танчарската група „Dancers United MK“ ќе учествува на светското првенство во модерни танци за лица со посебни потреби што ќе се одржи во Грац, Австрија, од 19-ти до 23 октомври...
Министерството за труд и социјална политика неодамна склучи договор за спонзорство со „Dancers United MK“ со кој ќе бидат покриени најголемиот дел од финансиските потреби на оваа група танчари со Даунов синдром.
– Дарко, Александар, Ена, Јулијана, Оливер, Моника и Христијан е нашата репрезентација од студиото „Dancers United MK“ која ќе не претставува на ова светско првенство. Позитивна атмосфера, многу насмевки и еуфорија беше она што ја отсликуваше атмосферата во студиото. Министерката Ташевска-Ременски се увери во нивната подготвеност, а танчерите раскажаа за нивните тренизни и напорната работа која им претходела под палката на инструкторите Сара, Нермин и Виолета. На генералната проба можеше да се забележи дека нашата држава ќе има достојни претставници на светското првенство, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

