Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Концерт на Дритон Гаџа, Милтиадис Касарас, Илијас Ливиератос и Марија Вршкова

$
0
0
Вовед: 

На 24 октомври ќе се одржи концерт на Дритон Гаџа (виола), Милитиадис Касарас (чело), Марија Вршкова (пијано) и Илијас Ливератос (виолина)...

Содржина: 

Концертот е во организација на Културно-Информативен Центар – Скопје во Парк хотел и спа, во 19.30 часот.

Дритон Гаџа е роден во Скопје, а живее во Германија. Од рана возраст започнува да студира виола. Дипломира и магистрира во Париз и Вирцбург. Добитник е на неколку значајни награди. Соработува со престижни оркестри како соло виолист.

Марија Вршкова е од Битола. Дипломирала на ФМУ-Скопје, каде ги завршува и магистерските студии. Добитник е на повеќе награди. Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика. Реализирала преку 50 светски премиерни изведби, како и многубројни настапи надвор од земјата.

Милтиадис Касарас е од Грција. Во текот на неговите студии реализира концерти како солист во Грција. Учествува на натпревари и се здобива со награди. Од 2013 г. е уметнички директор во конзерваториумот Воден (Едеса) и уметнички директор на „Музичкиот пролетен фестивал“ Воден (Едеса).

Илијас Ливиератос е роден во Атина, каде почнува да свири од рана возраст виолина. Магистерски студии посетувал кај значајни имиња од грчката музичка уметност. Тој е камерен музичар и член на „Armosis“, гудачки квартет и е член на Националната грчка опера.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Latest Images

Trending Articles

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>