Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

ПИН - меѓународна музичката конференција на Таксират

$
0
0
Вовед: 

Новото издание на ПИН музичката конференција која годинава ќе се одржи на 25-ти и 26-ти ноември во Младински Културен Центар во Скопје...

Содржина: 

Ова е трето издание на единствената меѓународна музичка конференција во Македонија, која се организира по примерот и во соработка со водечките европски конференции, како повеќедневен европски саем на музичките креативци.

Годинава, програмската фокус-земја на ПИН е Словенија, па во рамки на случувањата за време на конференцијата, посебен дел ќе биде посветен на гостите, музичките искуства и музичарите од Словенија кои на наше огромно задоволство ќе бидат претставени во соработка со љубљанскиот МЕНТ фестивал.

Како специјален гостин, МЕНТ фестивал на ПИН конференција ги претставува новите музички сили на Словенија, а трите музички имиња во нивна селекција и за чии настапи на ПИН тие велат дека не смеете да пропуштите се: KOALA VOICE, ČAO PORTOROŽ и BLAŽ.

Покрај гостите од Словенија, во рамки на ПИН ќе бидат претставени концертни настапни на нови музички таленти од повеќе земји, а финале на овие два дена ќе биде годинашното издание на ЛУЗЕР ФЕСТ, вечерта на 26-ти ноември, со што и ќе биде затворена музичката конференција, а најавено последното одбројување до финалната концертна програма на ТАКСИРАТ 18.

Во тој контекст, ПИН конференцијата ќе послужи како база за вмрежување на музичките професионалци и работници, промоција на артистичките вредности и проширување на клутурната размена меѓу регионите.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>