Изложбата „Организми“ на Томе Манески ќе биде отворена на 26 сеотември во музејот на град Скопје со почеток во 19:30 часот...
На изложбата авторот Томе Манески ќе презентира над 25 дела од циклусот „Организми“, работени последните години.
Манески роден е во Прилеп, 1961 година. Во 1985 година дипломирал на Факлутетот заликовни уметности и графички дизајн при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. Димитар Кондовски. Од 1985 година е член на ДЛУМ.
Покрај со сликарство, напоредно, уште од најраните студенски денови, активно се занимава со графички дизајн и илустрации за деца.Автор е на илустрации во повеќе сликовници за деца, енциклопедиски изданија, учебници, книги за деца, списанија и др. Од 1987 - 2004 година работи како ликовно графички уредник во редакцијата „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“ - Скопје.
Ги уредувал и илустрирал страниците на списанијата за деца: „Росица“; „Другарче“; „Развигор“; „Наш свет“. Досега учествувал на повеќе групни изложби во земјава и во странство. Од 1994 -2004 година со свои илустрации учествува на Светското биенале на илустрации во Братислава, Република Словачка.
Во 1987 година изложувал илустрации во повеќе градови низ Јапонија. Има реализирано поголем број самостојни и групни изложби.

