Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Изложба за Кокино и промоција на книга со македонска позија во КИЦ Софија

$
0
0
Вовед: 

Во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија вчеравечер, 28 октомври, беше отворена изложбата на фотографии “Кокино-мистичен шепот низ вечноста” и беше промовирана книгата “Портал на сонцето” поетски избор од 42 современи поети од Република Македонија, на бугарски јазик... 

Содржина: 

За изложбата, посветена на Кокино, зборуваа директорот на Центарот во Софија Васко Шутаров, авторот на изложбата Љупчо Илиевски и Елизабета Кузмановска од име на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје.

Низ 30 фотографии, авторот Илиевски пред публиката во Софија го претстави своето уметничко, но, и лично доживување на овој археолошки локалитет и воедно, светски позната мегалитска обсерваторија.

Во вториот дел од програмата беше претставена книгата со избор од македонска поезија на бугарски јазик, авторско дело на бугарскиот поет и преведувач Роман Кисјов. Во него се застапени 42 поетски имиња од сите генерации македонски поети, претставени со вкупно 385 песни.

Книгата беше претставена од авторот Кисјов и претставникот на бугарското книгоиздателството “Ерго” Мартин Христов. Стихови интерпретираа Ѓорги Георгиев-Антика и Тодор Тодоров.

Поетскиот дел од програмата со свои читања го збогатија академик Катица Ќулавкова и Владимир Мартиновски. Ова беше централен настан на Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија во есенскиот дел од културната програма. И двата настани се поддржани од македонското Министерство за култура.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>