Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Целовечерен концерт на КУД „Дримкол“ во Литванија

$
0
0
Вовед: 

КУД „Дримкол“ од Вевчани викендов во Вилнус, Литванија, одржа целовечерен концерт во рамки на проектот „Денови на македонската култура во Литванија“, а во организација на Европскиот универзитетот за хуманистички науки од Вилнус...

Содржина: 

Како што информираа од Културно-уметничкото друштво, македонскиот фолклор во Вилнус беше презентиран преку Вевчански изворни кореографии и преку сценски обработки од различни етнички предели на Македонија, а солистаката Викторија Чочороска, апсолвент на Академијата за музички уметности во Скопје, извела македонски традиционални изворни песни.

– Овој проект е резултат на соработката и пријателството со проф. др. Надежда Черепан, редовен професор по културно наследство на Европскиот универзитет за хуманистички науки во Вилнус. Таа во последниве години редовно учествува на конференцијата за култура и туризам, која се одржува во Охрид. Важи за голем љубител на Македонија и македонското културно наследство и посака барем дел од истото да биде презентирано од страна на КУД,, Дримкол,, во Вилнус, изјави Тошо Чочороски, претседател на КУД „Дримкол”.

Во рамките на ова патување, КУД „Дримкол” реализира и три концерти во градовите Здунска Вола и Ширац во Република Полска и еден концерт во Стара Пазова во Република Србија.

Воведна слика: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>