Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Оскаровскиот кандидат на Непал премиерно во Битола

$
0
0
Вовед: 

Драмата „Кало Поти“ или „Црвената кокошка“ од Непал, во режија на Мин Бахадур Бам ќе биде премиерно прикажана во среда (2 ноември) во 19.30 часот во малата сала на 3Д Кино-Битола...

Содржина: 

Станува збор за приказна која е сместена во 2001 година во срцето на Мугу, област во северно-западен Непал за време на Непалската граѓанска војна (1996-2006). Ова е првиот филм кој доаѓа од Непал што беше прикажан на годинашниот Венециски филмски фестивал каде ја освои наградата Федеора за најдобар филм од жирито на филмските критичари.

Филмот е годинашен кандидат за „Оскар“ од неанглиско говорно подрачје. Продуценти на филмот се Ана Качко, Церинг Ритар Шерпа, Мин Бахадур Бам, Дебаки Раи, Кетрин Дусо и Ануп Тапа. Филмот беше прикажан во официјалната програма во категоријата „кадети“ на фестивалот „Џифони Македонија“ што неодамна се одржа во Скопје.

Дистрибутер на „Кало Поти“ за Македонија е КТ Филм и Медиа од Битола, а дистрибуцијата е помогната од францускиот Национален филмски центар за подвижни слики (CNC).

Билетите за премиерата во 3Д Кино Битола се веќе во продажба.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>