Вовед:
Во „Матица ексклузив“ денеска, 9 ноември, ќе биде промовирана Монографијата за сликарството на Ниче Василев, издание на Остен...
Содржина:
За цртежите, сликите и графиките на авторот предговор напиша познатиот писател Ефтим Клетников.
По повод промоцијата на Монографијата, на промоцијата сликарот ќе се претстави со дваесет пастели и цртежи создадени во изминативе неколку години. Покрај авторот на предговорот на монографијата, за делото на Василев ќе говори и Георги Барбаровски.
Ниче Василев (Дабиле, 1948) училиште за применета уметност завршил во Скопје, а дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Варшава. Учествувал на повеќе групни изложби, а самостојно се претставил во Струмица, Штип, Скопје, Велес, Варшава, Крањ, Груец, Софија и Атина.
Воведна слика:

Категорија:
Иде на слајдер ?:
Не
додади слика:
