Десеттиот театарски фестивал „Скупи“ вечерва, 9 ноември, ќе заврши со претставата „Жозефина“ на белгискиот театар „Шаливате“...
Фестивалот посочува дека актерите во „Жозефина“ користејќи го говорот на телото раскажуваат приказна за маж и жена чии патишта се вкрстуваат, а изразните средства користени во претставата имаат за цел да го наведат гледачот да биде воден од своите чувства и преку нив да ја одгатне таа врска.
– Од приспомнување до вознемирувачки соништа, од распрскани спомен и до опсесивна желба, реалноста и фантазијата се претлетуваат на сцената. Телото и зборот интимно се поврзуваат, меѓусебно си влијаат и се трансформираат. Дијалогот помеѓу телото и зборот, поетски и физички, ја изразува визуелната моќ на текстот, соопшти организаторот на шестдневниот фестивалот кој ќе заврши вечер.

