Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава традиционално во чест на градот Скопје, односно неговото ослободување, ја организира манифестацијата посветена на предучилишните установи „Го градам мојот град“...
Оваа манифестација ќе се одржи денеска, 11 ноември, од 10 до 11 часот, во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“ и има за цел да ги поттикне децата да ја покажат својата креативност и творечки вештини, како и да ги запознае со значењето на денот 13 Ноември за градот во кој растат и живеат.
Секоја градинка, како и во изминатите години ќе ја претставува екипа од 5 дечиња, а објектот кој ќе се гради е по нивен избор, како и градежниот материјал што ќе го користат (коцки, цртежи или природни материјали како лисја, дрвца и друго).
Градинките чиишто дечиња ќе учествуваат на оваа традиционална манифестација ќе добијат и симболични подароци во знак на благодарност за соработката од Детскиот културен центар „Карпош“.

