Вечерва, 11 ноември, во 20 часот во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 1 ќе биде отворена изложбата, мултимедијален истражувачки прoект „Циклус/и ( + ) ( – )“ од Ивана Пирковска и Магдалена Чапаровска...
Ивана Приковска е мултимедијална уметница која освен со минимализмот и концептуализмот, се занимава и со различни истражувачки и експериментални интерактивни проекти кои се однесуваат на релација уметност-наука.
Пирковска родена е 1988 година во Скопје. Дипломирала на ФЛУ на катедрата за скулптура во 2011 г. Досега има реализирано три самостојни изложби, од кои една во Њујорк, во галеријата „МЦ“. Учествала на бројни групни изложби во земјата и странство.
Магдалена Чапаровска родена е 1983 година во Скопје. Во 2005 дипломира општа психологија и советување на Американскиот колеџ во Солун. Во 2009 магистрирала на истата област на Шефилд универзитетот во Солун. Од 2012 е семеен советник, при Институтот за системска пракса, брак и семејство во Скопје.
Паралелно две години е главен уредник на блогот bidisvoj.mk. Освен со потесната професија се занимава и објавува проза и поезија. Активист е и поборник во неколку невладини организации за заштита и правата на животните.

