Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

„Ослободувањето на Скопје“ прикажан на филмскиот фестивал во Братислава

$
0
0
Вовед: 

Филмот „Ослободувањето на Скопје“ беше прикажан на отворањето на меѓународно познатата филмска манифестација 18-от Филмски фестивал Братислава 2016...

Содржина: 

Пред бројната публика во елитното кино Носталгија во Братислава беа претставени режисерот на филмот и носител на главната улога Раде Шербеџија, добитник на специјална награда на фестивалот за посебни заслуги во филмската уметност, како и корежисерот Данило Шербеџија и носителката на главната женска улога Луција Шербеџија.

Во обраќањето пред бројната публика Раде Шербеџија истакна дека бил трогнат од автентичната прикаска во сценариото на Дарко Митревски на текст на Душан Јовановиќ, непосреден сведок на настан што се случил во Скопје во текот на Втората светска војна од призмата на деветгодишно дете.

Филмот е работен според театарска претстава на Душан Јовановиќ што била изведувана во 80-тите години во која главните улоги ги толкувале токму Раде Шербеџија и неговиот син Данило. Филмот е сниман на повеќе локации во Македонија.

„Ослободувањето на Скопје“ е македонски кандидат за престижната награда Оскар од неанглиско говорно подрачје. Музиката за филмот, што е работен во македонско – хрватско – финска копродукција, ја напишаа Влатко Стефаноски и Туомас Канталинен.

На проекцијата на „Ослободувањето на Скопје“ присуствуваше и амбасадорката на Република Македонија во Словачка, Василка Попоска Треневска, како и бројни филмски работници, културни дејци и политичари од Словачката Република.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>