Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Еко хепенинг „Играј, пеј и рециклирај е-отпад“

$
0
0
Вовед: 

„Играј, пеј и рециклирај Е-отпад“, е еко хепенинг кој се реализира по повод завршување на проектот „Е-отпад создава можност“, кој е финансиран од Американската амбасада во Скопје...

Содржина: 

Во Градскиот парк во Скопје на „Школка“ денеска ќе се одржи голем Еко хепенинг под мотото „Играј, пеј и рециклирај е-отпад“. Настанот е организиран од страна на Центарот за климатски промени во соработка со Елколект ДОО Скопје.

„Играј, пеј и рециклирај Е-отпад“, е еко хепенинг кој се реализира по повод завршување на проектот „Е-отпад создава можност“, кој е финансиран од Американската амбасада во Скопје. Во проектот беа вклучени 15 училишта од цела Македонија, а главната цел беше подигнување на јавната свест за правилно постапување со електричниот и електронскиот отпад (Е-отпад).

Преку проектот за сите училишта беа обезбедени еко-контејнери за собирање на Е-отпад. Исто така, беа организирани повеќе активности за учениците од прво до деветто одделение како што се: одржување на едукативни презентации, креативни работилници, истражувања и квиз на знаење на тема Е-отпад.

Воедно, со започнувањето на проектот започна и натпревар во собирање на Е-отпад, чиишто награди за прво, второ и трето место за најголема соберена количина електричен и електронски отпад ќе се додели на самиот настан.

Организаторите најавуваат дека настанот ќе изобилува со богата музичка и едукативна програма подготвена од самите ученици од основните училишта кои беа вклучени во проектот „Е-отпад создава можности“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>