Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Промоција на „Светлините на Света Гора“ од Иван Џепароски

$
0
0
Вовед: 

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Светлините на Света Гора“ од Иван Џепароски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2016 година...

Содржина: 

Настанот ќе се одржи на 16 ноември (среда) 2016 година, со почеток во 12.00 часот, во спомен - собата на Миладиновци во Библиотеката.

За наградената книга ќе зборува проф. д-р Ристо Солунчев, стихови ќе кажува актерот Ѓорѓи Јолевски а свој настап ќе има и македонскиот машки духовен хор „Хармосини“.

Иван Џепароски е филозоф, поет и преведувач. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје каде што магистрирал и докторирал. Автор е на пет поетски книги, на четри поетски антологии и теориско - есеистички избори, како и на четиринаесет книги од областа на филозофијата, естетиката и теорија на културата.

Добитник е на повеќе награди а неговата поезија и делови од неговото творештво се преведени на петнасетина јазици во светот.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles