Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Наше театарче - нова веб-страница за театарската уметност

$
0
0
Вовед: 

Веб-страницата Наше театарче ќе содржи рецензии и податоци за претстави, интервјуа со актери, режисери, драмски автори, историјати на професионалните театри во Македонија, но и содржини за познати театарски куќи од светот, како и други информации од сценската уметност...

Содржина: 

Официјално ќе биде промовирана на 21 ноември од 16 часот во центарот „Јавна соба“. Сајтот го креираа и ќе го ажурираат новинарот и театарски рецензент Борче Грозданов и неговата сопруга, писателката Катерина Грозданова.

– Веб-страницата ќе се занимава само и исклучиво со театар, односно во 90 проценти па и повеќе со македонскиот театар. Бидејќи сме први во електронскиот медиум кој во центарот го има македонскиот театар очекуваме театарските вљубеници да не посетуваат, а со тоа да имаме од 20.000 до 50.000 клика дневно. Нашата претензија не е да бидеме „голем сајт”, но идејата е нашите театарски писма да бидат насладување на сладокусците, како и за сите оние кои се или биле потенцијални и веќе „видени” гледачи во Театарот, наведуваат креаторите на веб-страницата.

Тие ги повикуваат сите кои сакаат да се придружат во интеракција и соработка да им пишуваат на електронската адреса: teatarce@gmail.com.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>