Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Kонцерт на Македонската филхармонија со пијанистот Џорџ Ли

$
0
0
Вовед: 

На вечерашниот концерт насловен „Пролет во ноември“ на Македонската филхармонија како солист ќе настапи американскиот пијанист Џорџ Ли...

Содржина: 

Џорџ Ли минатата година ја доби втората награда на престижниот Меѓународен натпревар „Чајковски“. Тој е и победник на 14-от Интернационален конкурс „Анимато“ во Париз и добитник на третата награда на „Шопен“.

– Џорџ Ли се смета за еден од најталентираните и најкреативните млади пијанисти во светот. Заедно со оркестарот на Македонската филхармонија тој ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар бр. 1 во Ц-дур од Лудвиг ван Бетовен кој се смета за едно од омилените дела од овој музички гениј кај изведувачите, соопшти Македонската филхармонија.

Концертот ќе го води американскиот диригент Кејс Скалионе кој, како што посочува критиката, постојано ги импресионира оркестрите од целиот свет со „сензитивни и внимателни изведби на музичките дела“.

На програмата на концертот „Пролет во ноември“ ќе биде изведена и Симфонијата бр. 1 во Б-дур наречена „Пролетна“ од германскиот композитор Роберт Шуман.

Концертот ќе се одржи вечерва, 17 ноември, во Домот на АРМ во 20 часот.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>