Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Премиера на „Прекината одисеја“ во Полска

$
0
0
Вовед: 

Вечерва, 18 ноември во театарот „Хелена Моджејевска“ во Легница, Република Полска, премиерно ќе се одигра претставата „Прекината одисеја“...

Содржина: 

Претставата „Прекината одисеја“ во која учествуваат полски и македонски актeри и уметници, својата премиера ја имаше, на сцената во Македонскиот народен театар на 17 септември. Со цел да допре до пошироката јавност, истата беше на турнеја низ Македонија и прикажана пред жителите на Куманово, Прилеп, Струмица, Велес, Штип, Охрид и Битола.

Поради успешната соработка и начинот на која е создадена - копродукција со театарот „Хелена Моджејевска“ во Легница, Р. Полска ќе се оддржи уште една премиера, овој пат во Легница, каде ќе се игра на 20 и 25 ноември. Истата ќе се игра репризно во Горзов Виелкополски (во рамките на 33-те Горзовски театарски собир, на 19 ноември), во Вроцлав (во рамките на фестивалот ECOC, на 21 ноември), во Валбрзич (во рамките на 14-то издание на Валбрзички театарски фестивал, на 22 ноември), во Јелениа Гора (во театарот „Норвид“, на 23 ноември), во Катовице (во Шлезискиот театар, на 26 ноември) и во Краков (во театарот „Уажња нова“, на 27 ноември).

Прекината одисеја е претстава подготвена од врвни уметници од Полска и Македонија, а во неа учествуваат актери од Македонскиот народен театар и театарот „Хелена Моджејевска“ од Легница, кои патуваат околу Полска и светот раскажувајќи приказна многу блиска до публиката, што го комбинира локалниот дух со универзалниот јазик.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>