Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Со прогласување на наградените и концерт на „Wooden wisdom“ завршува „Синедејс“

$
0
0
Вовед: 

„Синедејс“ ќе заврши утревечер, 19 ноември, со прогласување на наградените филмови од натпреварувачките селекции – Официјалната и СинеБалкан...

Содржина: 

Германскиот филм „Тони Ердман“, кој е во трка за „евопскиот оскар“, и историската драма „Рај“ за која Андреј Кончаловски ја освои Сребрената палма за режија на филмскиот фестивал во Венеција, се меѓу филмовите кои ќе бидат прикажани вечерва, 18 ноември, на претпоследниот ден од 15-от Фестивал на европски филм „Синедејс“.

На фестивалската програма вечер е и филмот „Од онаа страна“ на Зринко Огреста кој освои седум Златни арени на Филмскиот фестивал во Пула, меѓу кои за најдобар филм и најдобра режија, а главниот актер Лазар Ристовски за најдобар актер.

Во рамки на придружната програма, од 18-ти до 20 ноември во Младинскиот културен центар од 11 часот ќе се одржуваат работилници за продукциски дизајн со уметничките директори Сара Холдрен и Лора Бишоп.

Фестивалот ќе го затвори филмот „Устав на Република Хрватска“ на Рајко Грлиќ во кој копродуцент е и Македонија и, меѓу другите, игра и Јелена Јованова, а музиката е на Дуке Бојаџиев. На проекцијата е најавено присуство на актерите Небојша Глоговац и Дејан Аќимовиќ.

За затворањето на 15-тото издание, „Синедејс“ организира и концерт на музичкото дуо „Wooden wisdom“ во кое членува холивудската ѕвезда Елајџа Вуд, познат по улогата на хобитот Фродо во трилогијата „Господарот на прстените“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>