Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Во Велес завршија Детските Рацинови средби

$
0
0
Вовед: 

Со промоција на книгата за деца „Низ сончевиот пат на македонската азбука“ на авторот Наум Попевски во Велес, родниот град на Коста Солев Рацин, заврши програмата на годинашните 49-те Детски Рацинови средби...

Содржина: 

Учениците од велешките основни училишта во рамките на средбите се запознаа со најновата поезија за деца и млади преку традиционалниот „Поетскиот караван“, а на кој настапија познати писатели за деца и млади од земјава.

Организатори на манифестацијата се општина Велес, заедно со клубот на писатели „Коста Солев Рацин“. Орце Николов од општина Велес, рече дека Велес и годинава широко ги отвори портите и срцето за да ги прегрне сите почитувачи на Рацин.

– Токму децата се најбројни вљубеници и наследници на Рациновото дело, изјави Николов.

Во Велес и годинава присуствуваа голем број на деца и млади од цела Македонија кои преку поезијата се дружеа и поблиску се запознаа со животот на најпознатиот македонски поет Коста Солев Рацин. Родната куќа на Рацин во стариот дел на Велес е претворена во Спомен куќа на Рацин.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles