Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Доделени наградите на фестивалот „Синедејс15“

$
0
0
Вовед: 

Наградата најдобар филм и „Златна ѕвезда“ во официјалната конкуренција на Фестивалот на европски филм „Синедејс15“ му е доделена на филмот „Влажност“ во режија на Никола Љуца...

Содржина: 

Наградите ги соопшти жирито во состав Чедомир Колар, еден од извонредните продуценти во холивудската индустрија и претседател на жирито, Зринко Огреста, сценарист и режисер, професор по филмска режија на Академијата за драмски уметности во Загреб и член на Европската Филмска Академија во Берлин и македонскиот режисер Игор Иванов – Изи.

Наградата за најдобра режија ја доби филмот „Убијци на тркала“ во режија на Атила Тил, а за најдобро сценарио филмот „Тони Ердман“ по сценарио и режија на Марен Аде.

Во категорија СинеБалкан за најдобар филм во оваа категорија е прогласен филмот „Не ми зјапај во чинијата“ на Хана Јусиќ.

И годинава селектор на филмовите во официјалната селекција и во категоријата „Синебалкан“ беше Бернд Будер.

Доделена е награда и за најдобар филм во категоријата Студентска програма, која ја доби Сандра Јовановска за филмот „Страшилото крст“. Таа е студент на Академија за уметност, Универзитет во Нова Горица.

Жирито во состав, Влатко Галевски, Илина Јакимовска и Виолета Караџовска – Стојанова ги прогласи најдобрите на конкурсот за Филмска критика.

Првата награда ја доби Фросина Крушкаровска, втората награда е за Владимир Лазороски, а третата награда и припадна на Вероника Камчевска.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Latest Images

Trending Articles

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>