Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Археолошка конференција „Неолитот во Македонија II“

$
0
0
Вовед: 

Центарот за истражување на предисторијата - ЦИП организира археолошка конференција „Неолитот во Македонија II“ којашто ќе се одржи на 25 ноември (петок) во Археолошкиот музеј на Македонија...

Содржина: 

Ова е второ издание на конференцијата посветена на резултатите од истражувањата на неолитските локалитети и материјалната култура.

На овогодишната конференција ќе учествуваат повеќе археолози од Македонија и странство коишто ќе ги презентираат своите истражувања поврзани со рекогносцирањата на неолитските локалитети во Скопскиот и во Пелагонискиот Регион, систематизацијата на хронологијата врз база на новите C¹⁴ анализи, објектите од лепеж крај печките, протоматематиката применета во изработката на материјалната култура, континуитетот на моделите на куќи, палеоботаничките анализи на органски примероци, примената на ГИС при израбоката на дигитална топографија на локалитетите, како и 3Д моделирањето на тумбите.

Во неколку излагања акцент ќе се стави на врските меѓу неолитските локалитети во Македонија и Бугарија и тоа особено на оние што комуницирале по долината на реката Струма.

Во рамки на конференцијата ќе се промовира и зборникот „Неолитот во Македонија: нови перспективи и сознанија“ којшто е резултат од минатогодишната конференција и рефератите презентирани во неа. Уредници на зборникот се Љубо Фиданоски и Гоце Наумов и во него се вклучени 11 научни трудови поврзани со најновите истражувања на неолитските локалитети и материјалната култура.

Како вовед во конференцијата ќе се одржат предавањата на реномираните бугарски колеги проф. д-р Васил Николов и доц. д-р Крум Бачваров од Националниот институт за археологија при Бугарската академија на науките.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>