Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Рецитал на Тихомир Јакимовски и Милан Јанкуловски

$
0
0
Вовед: 

НА 29 ноември, вторник, во Салон 19:19 со почеток во 20 часот ќе се одржи рецитал на Тихомир Јакимовски (бас) и Милан Јанкуловски (пијано)... 

Содржина: 

Тихомир Јакимовски е роден во Скопје 1990 година. Нижо и средно музичко образование завршува во ДМБУЦ “Илија Николовски - Луј” во Скопје. Дипломира на ФМУ во Скопје на соло пеење во класата на проф. м-р Билјана Јакимовска со највисока оцена 10 CUM LAUDE. Настапува на ФМУ во рамките на Musica Viva. Со оркестарот на МОБ испеал шест арии на Гала концертите во чест на проф. Коста Трпков.

Како член на хорот “ПроАрс” под раководство на проф. Сашо Татарчевски на концертот на Охридско лето на 8 Август 2014 год. успешно настапува со две солистички делници.На свеченото отварање на Охридско лето на 12 Јули 2015 настапува со хорот на МОБ во “Кармина Бурана” од К. Орф. Во моментов е ангажиран во МОБ од Март 2015 година.

Милан Јанкулоски е роден 1989 година во Скопје. Дипломира и магистрира на факултетот за музичка уметност во Скопјево класата по пијано на проф. Марија Ѓошевска. Учествува на повеќе државни и меѓународни натпревари каде што е добитник на повеќе награди. Реализира настапи на фестивалите "Скопско лето", "Денови на македонска музика", “Есенски музички свечености”, “Musica viva”, ”Бит Фест”, како и на повеќе концерти во државата и во странство.

Како камерен музичар реализира бројни концерти со своите колеги од факултетот за музичка уметност, настапува и како солист со македонска филхармонија. Работел како пијано соработник во класата по соло пеење на проф. Славица Петровска Галиќ и во класата на проф. Олег Кондратенко по виолина на факултетот за музичка уметност.

Во моментов работи како професор по пијано во ДМБУЦ “Илија Николовски - Луј” во Скопје и како пијано соработник во класата по соло пеење на проф. Билјана Јовановска Јакимовска на факултетот за музичка уметност во Скопје.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>