На први декември (четврток) со почеток од 19:30 часот во Мултимедијалниот центар Мала станица – Скопје ќе биде отворена групната изложба “Конекција 2”...
На оваа изложба со свои ликовни дела ќе се претстават авторите кои се од различни гардови на Македонија: Зоран Мише (Охрид), Павел Целкоски (Охрид), Горан Тричковски (Делчево), Перица Георгиев (Скопје), Марјан Ѕин (Струмица), Иво Пецов (Виница), Слободан Милошески (Скопје), Маријана Иванова (Виница), Јана Луловска (Скопје) и Јовица Миленов (Делчево).
Изложбата вклучува дела од различни ликовни области - графика, сликарство, вајарство, плакат и фотографија.
Концептот “Конекција 2” се појави со иницијативата на директорот на Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров и наиде на позитивен прием од ликовните уметници кои се наоѓаа во Софија и изразија спремност да соработуваат со нашиот културен Центар.
Беа претставени повеќе групни изложби во различен авторски состав во бугарските градови: Велико Трново, Благоевград, Русе, Пловдив, Стара Загора, Созопол, Харманли и во Софија. Со изложбата во Мала станица, групата автори од “Конекција 2” кои живеат, работат или студираат во Софија се претставуват пред домашната публика, за да ги зацврстат и продлабичат своите контакти со колегите и публиката во Скопје.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

