Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Предавање на Рената Салецл на КРИК фестивал

$
0
0
Вовед: 

Со гостувањето на познатата Рената Салецл, која во Даут Пашин амам, ќе одржи предавање на тема Политиката на избор како политика на насилство, завршува годинашното прво издание на КРИК – Фестивал за критичка култура... 

Содржина: 

Предавањето на Салецл е дел тематскиот фокус „Архиви на насилство“, во организација на Контрапункт и ќе се одржи на 3 декември (сабота) со почеток од 18 часот.

По предавањето, во 19 часот, ќе се одржи разговор со Рената Салецл, кој ќе го води Катерина Колозова.

Рената Салецл е една од најзанчајните мислители во регионот и меѓународно.Филозоф, социолог и правен теоретичар од Словенија, која успева да создаде провокативно проникнување помеѓу критичката теорија, политичката филозофија, поструктуралистичката психоанализа, правото, политиките на телото и на масите.

Таа е истражувач на Институтот за криминологија, на правниот факултет на Универзитетот во Љубљана и е професор на Birkbeck College, University of London. Таа исто така била визитинг професор на London School of Economics.

Секоја година предава на тема психоанализата и правото, на Benjamin N. Cardozo School of Law во Њу Јорк, а предава и на курсеви за неврологија и право. Од 2012, таа е визитинг професор на одделот за општествени науки на Health and Medicine at King's College London. Нејзините книги досега се преведени на тринаесет јазици.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles