За најдобар поетски ракопис на 43- те Караманови поетски средби, жири комисијата го избрана насловот „Тела“ на поетесата Славица Гаџова Свидерска...
Наградата ѝ беше врачена на добитничката на централната манифестација во Радовиш на 25 ноември.
Славица Гаџова Свидерска (1984) во Битола, поет, есеист, истражувач и книжевен преведувач. До сега ги објавила поетските збирки Бесконечност (2001), Писма (2012), Политики на љубовта (2015) и студијата Книжевноста и дискурсите на моќта (2013). Истражува за дискурсите на моќта и политичкото насилство во книжевноста.
Во 2012 година ја добива наградата „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата. Нејзината поезија е објавувана во неколку антологии на современата македонска поезија и преведувана на англиски, италијански, арапски, чешки, словачки, српски и босански.

