Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Објавена книгата „Љубавина“ од Ѓоко Здравески

$
0
0
Вовед: 

Издавачката куќа „Антолог“ ја објави трета поетска книга на Ѓоко Здравески, насловена „Љубавина“, која е поделена во три циклуси...

Содржина: 

- Во песните од сите три циклуси главно се пее за бестелесна љубов, за љубовта како премин, за љубовта како начин на постоење и како начин да се спознава светот. Иако навидум апстрактна, инспирацијата на лирскиот субјект секогаш доаѓа директно од физичката стварност. Самиот наслов претставува неологизам, кој во себе ги содржи љубовта и убавината. Во книгата се чести јазичните игри, постапка карактеристична за поезијата на Здравески, информира издавачот.

Владимир Мартиновски во рецензијата кон збирката посочува дека уште првата песна го навестува односот кон опевањето на љубовта, „надминувајќи ги параметрите на исповедно-интимна лирика адресирана кон една конкретна личност, оставајќи празен (бланко) простор, поетот е уверен дека љубовното искуство го надминува вообичаеното перципирање на времето и на просторот“.

Ѓоко Здравески (Скопје, 1985) дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работи како лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Ниш. Пишува поезија, кратка проза и есеи. Претходно има објавено две книги поезија: „Палиндром со две н“ (2010) и „Куќичка за птици-преселници“ (2013). Заедно со уште неколку поети од Србија и од Македонија ја има објавено книгата „Торту кроз прозор“ (поезија, 2010). Неговите дела се преведени на десетина европски јазици.​

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Latest Images

Trending Articles

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>