Македонската опера и балет традиционално во претсрет на Новата Година, на својот репертоар поставува претстави за деца, на кои нашата најмлада популација ќе да се едуцира и да го почувствува предпразничното расположение...
За таа цел во сабота, 24 декември и во недела, 25 декември со почеток во 12 часот, на Големата сцена во Македонската опера и балет е закажана популарната претстава „Снежана и седумте џуџуња“.
Најблагородната публика поторно ќе може да ужива во бравурозната игра на популарните ликови, Смешко, Учо, Лутко, Спанко, Убавата принцеза Снежана, Принцот, Грдата Вештерка и други.
„Снежана и седумте џуџуња“, е една од најизведуваните претстави за деца во Македонската опера и балет, на која секогаш нашата најмлада популација го исполнувала Салонот до последо место.

