Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Бади Асад и „Канционере греканико Салентино“ за крај на Оффест

$
0
0
Вовед: 

Јубилејниот 15-ти Оффест завршува вечерва, 30 мај, со концерти на бразилската гитаристка и пејачка Бади Асад и италијанскиот традиционален состав „Канционере греканико Салентино“...

Содржина: 

Асад, позната по својот „авантуризам“, ја комбинира виртуозноста на инструменталната изведба со специфична вокална техника на говорна и пеана лирика, перкусии и ефекти. Нејзиниот пристап кон музиката е умешна мешавина на временска двосмисленост и уникатна емоционална прецизност.

За „Канционере греканико Салентино“ е специфичен ритмички моќниот транс-фолк стил „пицика таранта“, кој потекнува од Саленто и со векови имал исцелувачка улога. Иако се мала група составена од виолина, дајре, мала хармоника и вокали, ЦГС музицираат „до лудило“, создаваат див спектакл, полн со енергија, страст и неверојатен танц, ширејќи ги ритмите на Пуља.

Претходните денови публиката имаше можност да ужива во настапите на неповторливиот Пет Томас и неговиот „Квашибу ареа бенд“, ја слушна музиката на поетот, рапер и хип-хоп изведувач Саул Вилијамс, како и на енергичните Португалци од „Батида“.

Фестивалот почна во петокот, со соло-концерт на чешката пејачка и виолинистка Ива Битова по која гостуваа и Сен Жермен.

За време на сите денови, во галеријата на Младинскиот културен центар е поставена и мултимедијална изложба за сите гостувања во изминатите 14 изданија на Оффест.

Воведна слика: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles