Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Оперска претстава за деца „Работилницата на Дедо Мраз“ во МОБ

$
0
0
Вовед: 

По повод претстојните празници, Македонската опера и балет подготвува специјална Новогодишна претстава за деца, „Работилницата на Дедо Мраз“...

Содржина: 

Во претставата учествуваат оперски солисти, детски артисти и детскиот хор на МОБ. Режисер на претставата е Љупка Јакимовска, детскиот хор го подготви Теа Богатинова, а соработник на сценариото е Десанка Глигориевиќ.

„Работилницата на Дедо Мраз“ е всушност приказна во која се раскажува за изработката на играчките-подароци за децата за Нова Година и брзањето на Дедо Мраз да стаса да ги разнесе до сите деца. Покрај Дедо Мраз ќе ги видиме и Баба Мразица, Месечината, Ѕвончица, Пинокио, Балерина, Снежната Кралица и многу други интересни ликови.

Претставата ќе се одигра на Малата сцена во Македонската опера и балет, во вторник, 20декември, со почеток во 18 часот, а цената на билетот изнесува 150 денари.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>