Деновиве итaлијанското електронско списание “Bombagiù” објави неколку значајни работи од македонското творештво, меѓу кои најава за романот „Дваесет и првиот” од Томислав Османли, како и превод на неговиот расказ „Небото на Сукот“ од збирката јудео-балкански раскази и новели „Светилка за Ханука“...
Станува збор за почетниот расказ од наградената книга на Османли, во кој главниот карактер, едвај полнолетната Нина, на еврејскиот празник Сукот – на кој се чествува страдањето на Мојсеј и неговите сонародници во текот на четириесетгодишното талкање при потрагата по Ветената земја – живо се присетува на славјата на овој и другите празници, на топлината и твиките драми во својот дом и на својата прва љубов…, една пролетна квечерина, само што пристигната во логорот на смртта Треблинка.
Во самиот коментар од редакцијата на “Bombagiù” објавена е и подвлечена следнава белешка „Прекрасен расказ кој тера на длабоко размислуввање за настаните од минатото, сегашноста но и за иднината. Настани кои не смеат да се заборават за да можеме да се попараваме…“
Изборот и преводот на расказот „Небото на Сукот“ е во избор и во превод на Билјана Билјановска, истакнат преведувач од и на италијански јазик.

