Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Комеморација и книга на жалост за Есма Реџепова-Теодосиевска

$
0
0
Вовед: 

Денеска, 12 декември, Советот на Град Скопје со почеток од 11 часот ќе одржи комеморативна седница за пејачката, текстописец, хуманитарка и советник во Град Скопје Есма Реџепова-Теодосиевска, која почина вчера по кратко и тешко боледување на 73-годишна возраст... 

Содржина: 

Во салата на Советот ќе биде отворена и книга на жалост. Есма Реџепова е родена во Скопје на 8 август 1943. Го носеше епитетот „кралица на ромската песна“, а нејзината богата и меѓународна музичка кариера непрекинато траеше 55 години. Имаше репутација на светски уметник со повеќе од осум илјади концерти, настапи на над 15 јазици, издадени 60-ина албуми.

Во мај 2013 година Есма Реџепова-Теодосиевска ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Малме со поп-пејачот Влатко Лозановски-Лозано и песната „Пред да се раздени“.

Во 58-годишната историја на евровизискиот натпревар првпат една композиција делумно беше испеана на ромски јазик. Во септември 2013 година беше одликувана со титула „Национален уметник на Република Македонија“ за нејзиниот децениски придонес за афирмација на Република Македонија во светот.

Највисокото признание го доби и за нејзината хуманост и подобрувањето на социјалниот живот на Ромите, зашто со сопругот Стево Теодосиевски се грижела за 47 бездомни ромски деца и го сменила нивниот живот.

За мисијата на врвен уметник и културен амбасадор на државата, таа во 2010 година од претседателот на државата Ѓорге Иванов беше одликувана и со „Орден за заслуги на Македонија“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>