Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Изложба „Енформелска лабораторија 4/Сеќавања“

$
0
0
Вовед: 

Во Музејот на град Скопје, Галерија Јустина и Родољуб Анастасов, на 14 декември во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Енформелска лабораторија 4/Сеќавања“...

Содржина: 

Формирањето на оваа галерија беше овозможено со донацијата од 346 дела кои Родољуб Анастасов ги подари на Музејот.

Намерата е оваа Галерија циклично да го презентира целиот материјал кој го поседува. Циклусот „Енформелска лабораторија“ кој беше започнат пред три години сега продолжува со презентација на дела кои досега не биле изложувани во Галеријата.

На изложбата ќе бидат експонирани четириесет цртежи создадени во периодот 1959 – 1965 година. Особеност на овогодинешниот проект кој го носи поднасловот „Сеќавања“ е разговорот со Анастасов за периодот од 1959 – 1966 година кој е објавен во каталогот. Делови од овој разговор ќе бидат прочитани на отворањето на изложбата.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles