Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Три награди за „Три дена во септември“ на Југоисточниот филмски фестивал

$
0
0
Вовед: 

„Три дена во септември“ на режисерот Даријан Пејовски ја доби наградата за најдобар филм на филмскиот фестивал SEE à Berlin кој се одржа како дел од 6-от SEEFF...

Содржина: 

„Три дена во септември“ на режисерот Даријан Пејовски ја доби наградата за најдобар филм на филмскиот фестивал SEE à Berlin кој се одржа како дел од 6-от SEEFF, кој оваа година се одржува во три града: Берлин - Германија од 26 - 29 мај, Париз - Франција од 1 - 5 јуни и Нингбо - Кина од 8 - 15 јуни 2016 година.

Овој фестивал е платформа за соработка на земјите од Југоисточна Европа. Продуцентски куќи од петнаесетина земји од Југоисточна Европа се претставуваат со свои филмски проекти, со фокус на регионот од каде доаѓаат и во кој идеалите на кои се заснова Европа постојано се преиспитуваат и дискутираат. Режисерите преку своите филмски дела ја рефлектираат состојбата во својата земја, како и секојдневието во кое живеат граѓаните.

Главната награди ја доделува Меѓународно жири составено од филмски професионалци. Покрај тоа награди доделува и Меѓународно жири составено од млади лице од различни професии. Ова жири, за „Три дена во септември“ ги додели наградата за најдобра режија на Даријан Пејовски и наградата за најдобра женска улога на Камка Тоциновски која ја толкува улогата на Марика.

„Три дена во септември“ ќе биде прикажан и во Париз на 3 јуни во Тheatre Le Palace.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>