Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Премиера на „Во сенката на ветрот“ во Народниот театар во Прилеп

$
0
0
Вовед: 

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ на матичната сцена во сабота, 24 декември, премиерно ќе ја изведе претставата „Во сенката на ветрот“ од Пол Емон во режија на Југослав Кочоски...

Содржина: 

Според режисерот Кочоски на кого ова му е втора соработка со ансамблот станува збор за дело на Емон кое првпат се изведува во Македонија, воедно и во Прилепскиот театар и во прашање е љубовна приказна. Посочи дека станува збор за емоционална приказна за љубов и страст која е раскажана од еден невообичаен аспект.

– Напишана е врз база на „Тристан и Изолда“, според самиот автор, со доста примеси од други литератури. Претставата го претставува длабокото незадоволство и празнината на тие што може да имаат сѐ и повторно се незадоволни и за тие кои немаат ништо, а се среќни од тоа малку што им го дава животот. Испреплетувањето на дејствието и текот на индивидуалните приказни на ликовите претставува посебен пристап кон сценското прикажување, а воедно дава и посебен клуч по кој може да се следи едно театарско дело, истакна Кочоски.

За актерката Марија Спиркоска Илијеска, продуктивна била соработката со режисерот, а во претставата секој може да се најде себе си.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>