На денешен ден, 1 јануари 45 година п.н.е. воведен бил во употреба новиот календар, наречен „јулијански“...
Со овој календар римскиот државник Гај Јулиј Цезар, според советите на грчките астрономи го реформирал сметањето на времето така што за почеток на годината го определил 1 јануари.
Јулијанскиот календар е заснован на Сончева година од 365 дена и шест часа, но во него годината е подолга од Сончевата за 11 минути и 14 секнудни, па поради тоа секоја четврта година е престапна, а на секои 128 години се појавува „вишок“ ден.
За да се елиминира тој „вишок“, папата Гргур Тринаесетти, според советите на астрономите, го реформирал календарот во 1582 година и сега Грегоријанскиот календар е практично меѓународен.
Јулијанскиот календар го задржаа неколку православни цркви – МПЦ-ОА, Руската црква, Ерусалимската патријаршија и некои други.

