Канадскиот актер Рајан Гослинг ќе го игра Нил Амстронг, првиот човек на што стапна на Месечината, во филмот „Првиот човек“, чиј режисер е Дајмон Чазел, објави „Вараети“.
Филмот се темели на биографијата на Армстронг „Првиот Човек: Животот на Нил А. Армстронг“, која во 2005 година ја објави историчарот на НАСА, Џејмс Хансен. Сценарист на филмот е Џон Сингер, Дејствието во филмот се одвива во периодот од 1961 до 1969 година во текот на подготовките за првата мисија на Месечината.
„Вараети“ дознада дека договорот е склучен и дека филмот со снимање ќе почне на почетокот на 2017 година. Клинт Иствуд и „Варнер Брос“ ги открија филмските права на книгата, уште две години пред нејзиното објавување. Според оовј план, Иствуд требаше да биде режисер и продуцент на филмот, но проектот пропадна.
По успехот на филмот „Whipsash“ кон крајот на 2014 година почнаа шпекуалции дека Чазел е во преговори за преземање на правата на книгата.
Ова ќе биде втора соработка на Гослинг и Чазел по мјузиклот „La La Land“.

